ВИДЕО: Одложено разгледувањето на извештајот на СЈО во собранието

Од:

И покај тоа што нема законска обврска Катица Јанева лично да го образложи доставениот извештај во Собранието, претседателот на комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците, Влатко Ѓорчев ја презакажа седницата за утре во 11 часот.

Негово едниствено образложение беше дека Специјалната јавна обвинителка била уредно повикана на седницата, а таа не присуствувала.

Процедурално, за збор се јавија пратениците од СДСМ, Петре Шилегов и Рената Дескоска, но не им беше даден збор.

Пратениците од редовите на ВМРО-ДПМНЕ без да ги сослушаат колегите од опозицијата, ја напуштија комисијата веднаш откако Ѓорчев ја презакажа седницата.

Александар Тодески

Би можело да ве интересира

Албуљена Хаџиу е избрана за претседател на Собранието на Косово

Горан Наумовски

Собранието ја донесе Стратегијата за безбедност на сообраќајот и над 40 закони по скратена постапка

A1on

Собранието ја изгласа потребата од Закон за проверка на странските инвестиции

Арљинда Хасани Синани e нова вицегувернерка на Народната банка

Горан Наумовски

Собраниска „виза“ за изменување на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги

Гаши: Блокадата на ДУИ е политичко, а не процедурално прашање