Ердоган: Турција одамна го заслужи Шенген договорот

Од:

Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган изјави дека Турција одамна го заслужила Шенген договорот, обвинувајќи ја Европската унија за неискреност во процесот за влез во ЕУ.

– Ние всушност одамна го заслуживме Шенген договорот. Официјално поднесовне барање за членство во 1963 година и во текот на тој процес, секогаш не залажуваа, рече Ердоган за државата телевизија ТРТ.

– Никогаш не биле искрени и се уште не се искрени, додаде тој.

Турција и ЕУ во петокот постигнаа договор за ставање под контрола на приливот на мигранти во Европа, со кој Унијата и вети на Анкара визна либерализација до крајот на јуни, забрзување на преговорите за челнство, како и финансиска помош. За возврат Анкара ќе ги прифати назад сите илегални мигранти, кои преминале од нејзина територија во Грција.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Турција уапси 234 лица во рамките на меѓународната операција против нарко-мафијата

Европол: Откриени четири главни мрежи за шверц на дрога во ЕУ и Турција

Турција започнува реставрација на куполата на Аја Софија

А1он

Разрешениот градоначалник на Истанбул: На суд сум затоа што победив на изборите

(ВИДЕО) Снежно невреме во Анкара

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Во сообраќајка загина Ѓулер Ердоган, која беше Мис на Балканот за 2022

Горан Наумовски