Северна Кореја денеска истрела неколку ракети со краток дострел, кои паднаа во водите на Јапонското Море, јави јужнокорејската агенција Јонхап.
Рекетите биле лансирани од реонот на градот Хамхунг во североисточниот дел на Северна Кореја во 15:19 часот по локално време (7:19 часот по средноевропско време) и по 200 километри лет, паднале во водите на Јапонското Море, соопшти Генералштабот на јужнокорејската Армија.
– Нашата Армија внимателно ја следи состојбата и е ставена во состојба на зголемена борбена готовност, се додава во соопштението.
Во првите реакции на Сеул на најновото северниокорејско лансирање ракети се оценува дека тое е „уште една од серијата провокации, како реакција на заедничката воена вежба на Јужна Кореја и САД, која е во тек“.