Пехарите во Индијан Велс за Ѓоковиќ и за Азаренка

Од:

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ и Викторија Азаренка од Белорусија победија на турнирот во Индијан Велс во двете конкуренции.

Ѓоковиќ без многу проблеми го совлада во финалето Милош Раониќ од Канада со 6:2 и 6:0 во сетови. Ова за него е петти триумф во Индијан Велс или вкупно 27. титула на Мастерс 1000 турнирите со што се изедначи со Рафаел Надал, кого го победи во полуфиналето.

Во женското финале Азаренка направи мало изненадување со победата над најдобрата светска тенисерка Серена Вилијамс со 2:0 во сетови (6:4 и 6:4 во гемови).

Азаренка ја освои својата 18. титула во кариерата, а втора оваа година.

Серена Вилијамс го забележа четвртиот пораз од Азаренка во 21. меч. Белоруската тенисерка со овој триумф ќе се врати меѓу најдобрите десет на ВТА листата и се наоѓа на осмото место.

Би можело да ве интересира

Алкараз лесно го совлада Медведев

Предраг Петровиќ

Медведев откри кој е најдобриот тенисер на планетава

Предраг Петровиќ

Шпанскиот тенисер Алкараз за 57 минути се пласираше во четвртфиналето на турнирот во Пекинг

Алкараз: „Тоа ќе не убие“

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Ѓоковиќ го испеа познатиот хит и најави спектакл во Бугарија со Димитров

„Надал е подготвен да се пензионира“

Предраг Петровиќ