Србија ќе амнестира 3.600 затвореници

Од:

Србија донесе закон за амнестија, што ќе засегне околу 3.600 затвореници, а меѓу нив и некои осудени за убиство и за други сериозни кривични дела.

Според законот, над 1.000 лица, осудени на помалку од три месеци затвор и оние кои одлежале повеќе од половина од своите казни до 6 месеци ќе бидат ослободени идната недела. Други пак, осудени за посериозни кривични дела, како убиства и вооружени грабежи, исто така, може да бидат ослободени во најскоро време заради 10-процентно намалување на нивните казни.

Амнестијата го вклучува и намалувањето за една четвртина на казните на затворениците со над 30 години.

Сепак амнестијата не ги опфаќа оние затвореници кои се осудени за посериозни кривични дела со казни меѓу 30 и 40 години или кои се осудени за организиран криминал, кривични дела од сексуална природа, корупција, домашно насилство, производство и пуштање во промет на наркотици и други позначајни прекршувања на законот.

Критичарите на амнестијата тврдат дека во законот има нејаснотии и тој го отвора патот кон слободата за опасните криминалци, забележуваат германските медиуми.

Би можело да ве интересира

Уапсена Хрватка која се обидела да упадне во зградата на српското Претседателство

(ВИДЕО) Трагедија во Србија: најмалку осум жртви во пожар во старечки дом

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Родителите бараат итно враќање на децата на училиште, почнаа петиција

Вучиќ формира широко народно движење: Toa e стратешка потреба за иднината, сите се добредојдени

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Уапсен возачот кој со автомобил удри студентка во Белград

Луксузниот хотел во Белград ќе се вика Трамп

Предраг Петровиќ