Деца со кратки ракави мрзнеа, чекајќи го Груевски кој доцнеше 37 минути

Од:

Телевизија Телма јави дека педесетина деца од 3, 4 и 5 години, со куси ракави и тенки маици, 37 минути го чекаа премиерот на 9 степени над нулата.

Тие учествуваа во програмата со пеење и играње пред премиерот со која се одбележа отворањето на новата градинка „Пампурче“ во населбата Даме Груев.

Учителките се обидоа малку да ги затоплат дечињата, некои добија јакни но реакција немало од родителите. Таа следувала само со громогласен аплауз кога се појави премиерот Груевски.

Според Телма телевизија загриженост не покажал ниту министерот за труд Спиро Ристевски, чија основна задача е да се грижи за најмладите, На прашањето дали е во ред да се доцни, а за тоа време децата да се смрзнуваат, Ристовски одговори дека настанот е премногу свечен за да се потенцира доцнењето.

Инаку градинката се градо веќе шест години, почна во 2006. а во неа ќе можат да се сместат 200 деца.

ФОТО: Телма

Би можело да ве интересира

Јаневска: За четири месеци ги зголемивме платите на наставниците и инвестираме во инфраструктура

Худолин: Ако има премногу деца во училниците, тогаш се отежнува учењето

(ВИДЕО) Митева: Платите во образованието до 2028 година ќе пораснат минимум 46 отсто

Горан Наумовски

Филипче: Само 5% покачување плати за наставниците е обид да се намали гневот

Јаневска: Се разговара со синдикатот за повисоки плати на наставниците

Раст на платите во јавната администрација и образованието ќе има следната година