До денес Македонија нема добиено известување преку Системот за брзо предупредување на Европската унија дека на македонскиот пазар е пласиран небезбеден производ – „Das gesunde PLUS“, бисквит плочка со вкус на слатка павлака.
Станува збор за производ кој е повлечен од пазарите на Германија, Австрија, Франција и Хрватска и за кој на 4 март е објавена нотификација по поднесена поплака на потрошувач, кој нашол пластични делови од четка во производот.
– Агенцијата за храна и ветеринарство доколку добие нотификација преку овој безбедносен систем (РАССФ), со соодветни податоци за серијата/лотот на производство за овој небезбеден производ, ќе постапи согласно протоколите и ќе го повлече од македонскиот пазар, се наведува во соопштението.