Апсолутен приоритет за движење на колоната возила за кардиналот Пјетро Паролин

Од:

Од сообраќајната полиција информираат дека од вчера во официјална посета на Република Македонија престојува кардиналот Пјетро Паролин, државен секретар при Светиот престол. За време на движењето на колоната возила под придружба по сообраќајниците низ градот, ќе биде воспоставен посебен режим на сообраќај што подразбира апсолутен приоритет на минување низ сите сообраќајници.

Од сообраќајната полиција апелираат до сите граѓани да ги почитуваат наредбите што ќе бидат давани од страна полициските службеници и да бидат внимателни и трпеливи, а веднаш по поминување на колоната под придружба од нивна страна ќе бидат превземени мерки за целосно нормализирање на сообраќајот.

Би можело да ве интересира

Нормализиран сообраќајот на патот Бошков мост – Дебар

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози

Промени во Законот за безбедност на сообраќајот: Реакции и вело-пријателски предлози

Сообраќајот се одвива по наместа влажни коловози

СДСМ: Колапс на сообраќајот во Маврово и заглавени граѓани поради неспособноста на ВМРО-ДПМНЕ

По еден ден прекин, попаднево повторно воспоставен железничкиот сообраќај во земјава