Македонската женска младинска репрезентација составена од ракометарки до 20 години која се наоѓа во Франција, денеска ќе го започне својот настап во квалификациите за Светското младинско првенство 2016 година.
Избраничките на селекторот Симе Симовски, попладнево од 14 часот и 30 минути ќе го одиграат првиот меч во кој за противнички ќе ги имаат врсничките од Израел.
Утре во истиот термин Македонија ќе игра против Словенија, додека во недела од 15 часот на програмата е мечот со домаќинот Франција, селекција која важи за главен фаворит во групата за освојување на првото место, единствено коe носи пласман на Светското првенство.
Натпреварите од петата квалификациска група ќе се играа во салата „Пјер де Кубертен’’ во Париз.