Северна Кореја денеска лансираше балистичка ракета во морето кај источниот брег, само неколку дена откако лидерот на земјата Ким Џонг Ун нареди понатамошни проби на нуклеарни боеви глави и ракети, соопшти јужнокорејското Министерство за одбрана.
Портпаролот на јужнокорејското Министерство наведе дека ракетата е лансирана од Сукчон во југозападна Северна Кореја, пренесува Танјуг.
Тој додаде дека ракетата минала 800 километри до Источното Море.
Засега не е познато за кој тип на ракета станува збор.