Здравјето на Мубарак во критична состојба

Од:

Животот на поранешниот египетски претседател Хосни Мубарак е во многу критична состојба. Лекарите во болницата каде што е хоспитализиран, морале да го стават на респиратор за да му овозможат тој да дише.

Здравствената состојба наеднаш му се влошила вчера, три дена откако беше осуден на доживотен затвор поради вмешаност во убиството на демонстрантите за време на немирите минатата година.

Официјалните лица од затворот во Торах во Каиро, каде Мубарак се наоѓа на издржување казна затвор, изјавија дека поранешниот претседател бил постајно во шок, страдал од висок крвен притисок и имал проблеми со дишењето. Тие повикале брза помош, по што претседателот бил пренесен во воената болница.

Вчера затворските власти го одбија барањето Мубарак да биде прегледан од неговите лични лекари.

Мубарак во саботата беше осуден на доживотен затвор за убиството на околу 850 демонстранти. Обвинителите бараа смртна казна за него и неговите два сина Гамал и Али.

Мубарак беше соборен уште минатата година и од неговото апсење во април 2011 тој се наоѓаше во болница. Најпрво во Шарм ел-Шеик, а потоа и во воената болница во Каиро.

За првпат стапна во затворот откако му ја изрекоа пресудата.

Некои медиуми објавија дека имал срцев удар, но тоа не беше потврдено.

 

 

 

 

 

Би можело да ве интересира

Откриен вистинскиот лик на еден од најпознатите фараони во историјата

Предраг Петровиќ

43 повредени во автобуска несреќа во Египет

Железничка несреќа во Египет, има загинати и повредени

Египет упати апел до своите авиокомпаниите: Избегнувајте го воздушниот простор на Иран утре наутро

Египет бара формирање независна држава Палестина

Ирак испраќа танкер со гориво во Египет за да и помогне на Газа

Горан Наумовски