Најновото истражување на јавното мислење објавено денеска покажува дека поддршката за кампањата за останување на Велика Британија во Европска унија порасна за 36 отсто и се изеданчи со процентот на приврзаници за излегување од ЕУ.
Во однос на анкетата од пред еден месец, што ја објави агенцијата ТНС УК, поддршката за останување во ЕУ е неизменета, додека процентот на заговорници за напуштање на Унијата се намалил за три отсто.
Истражувањето покажува и дека 28 проценти од испитаниците кои планираат да излезат на референдум, не знаат како ќе гласаат, што претставува пораст во однос на претходните 25 отсто.
– Главен проблем за кампањата за останување на Велика Британија во ЕУ, што во овој момент, нивните гласачи поголем број се млади лица, кои традиционално се несигурни гласачи, изјави Лук Тејлор, шеф на ТНС за истражување на општествените и политичките ставови во Велика Британија.
Анкетата е спроведена онлајн, на примерок од 1.216 возрасни испитанци од 10 до 14 март.
Во Велика Британија ќе во јуни ќе се одржи референдум за останување во ЕУ.