Не верувам дека кризата со бегалците наскоро ќе заврши, изјави американската актерка и специјален претставник на УНХЦР Анџелина Џоли Пит по заминувањето од зградата на Генералниот секретаријат за политика на Егејот и островите во Митилена.
Џоли денеска се сретна и со членови на невладина организација, од кои беше информирана за целокупната состојба на островот Лезбос.
Според информациите, Џоли била позитивна во врска со безбедното преминување на Егејското Море од страна на бегалците, додека за прашањата за влијанието врз економијата на островот и потребата за туристичка промоција на островот, кои ги потегнале локалните власти, Анџелина Џоли ветила дека таа и нејзиното семејство ќе дојдат на одмор на островот.
Во моментов, Џоли е во посета на кампот во Мориа, а подоцна таа ќе замине за Лондон.