На престижниот тениски турнир во американскиот град Индијан Велс утринава заврши осминафиналната фаза по што познати се сите четвртфиналисти.
Последен учество во следната фаза обезбеди Цонга, а ноќеска тоа го направија Ѓоковиќ Нишикори и Монфис.
Првиот носител Ѓоковиќ во четвртфиналето игра со седмиот носител Цонга, меѓусебен меч ќе имаат четвртиот и петтиот носител Надал и Нишикори, додека во другите два пара се тенисери кои не беа во првите осум носители на овој турнир.
Двојки за четвртфиналето:
Новак Ѓоковиќ – Жо-Вилфред Цонга,
Рафаел Надал – Кеи Нишикори,
Марин Чилиќ – Давид Гофин и
Милош Раониќ – Гаел Монфилс.