Нови протести во Бразил по лиферувањето на скандалозна снимка од разговор меѓу Русеф и Лула

Од:

Бразил е зафатен од нови протести по лиферувањето на скандалозната снимка од телефонски разговор меѓу Дилма Русеф и Луиз Инасио Лула да Силва, кој наведува на помислата дека претседателката го назначила својот претходник и политички ментор на функцијата шеф на нејзината канцеларија само за да го спаси од затвор, пренесуваат француските медиуми.

Федералниот судија Сержио Моро, кој ја води истрагата за корупцискиот скандал околу државната нафтена компанија „Петробрас“ (Petrobras), „долеа масло на огнот“, откако синоќа јавно достапен го направи записот од телефонскот разговор меѓу Русеф и Лула. Двајцата се слушнале вчера попладне откако претседателката го назначила својот  претходник на функцијата шеф на нејзината канцеларија.

Според снимката, Русеф го информирала Лула дека брзо ќе го реализира неговото назначување. Таа му кажува дека својата позиција ја користи „само кога е тоа неопходно“.

– Забележав дека во некои дијалози двајцата очигледно зборуваат за обид за влијание или за добивање помош од обвинители или судови за поранешниот претседател, изјави судијата Моро, цитиран од британските медиуми.

Тој забележа дека од содржината на снимените разговори станува јасно дека Лула знаел или најмалку се сомневал дека го прислушкуваат, пренесуваат американските медиуми.

Претседателскиот указ за назначувањето на Лула беше објавен набрзо потоа во бразилскиот Службен весник, забележуваат британските медиуми. Тоа на Лула му обезбедува имунитет од истрагата на судијата Моро.

Претходно овој месец поранешниот бразилски претседател беше повикан на распит во полициска станица во врска со истрагата за корупција од големи размери во „Петробрас“. Обвинителството против Лула покрена обвинение за перење пари и измама и бара тој да биде уапсен. Првото обвинение му се заканува со затворска казна меѓу три и 10 години, а второто  меѓу една и три години затвор.

Новата државна функција, сепак, на поранешниот претседател не му обезбедува имунитет пред Врховниот суд, забележуваат британските медиуми.

Лула е сметан за еден од можните кандидати на владејачката Партија на работниците на претседателските избори во 2018 г.одина посочува ТАСС. По двата последователни четиригодишни мандата, во периодот 2003-2011 година, тој немаше право да се кандидадира за трет и затоа за оваа функција ја предложи Дилма Русеф. Сегашниот мандат е втор по ред за претседателката Русеф и таа нема право на реизбор на следните избори.

По лиферувањето на снимката од телефонскиот разговор илјадници незадоволни демонстранти се собраа пред зградата на претседателството во престолнината Бразилија, додека протести се одржаа и во двата мегаполиса Сао Паоло и Рио де Жанеиро.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Е*и се Илон Маск, не ти се плашам, порача првата дама на Бразил

Катерина Ѓуровски

Бразилската полиција го идентификуваше бомбашот пред Врховниот суд

ВИДЕО: Бразилски политичар удри конкурент со стол за време на дебата

Бразил продолжи со катастрофалната игра, загрозен е пласманот на Мундијалот по поразот од Парагвај

Предраг Петровиќ

Судот во Бразил ја потврди забраната за социјалната мрежа Х

Врховниот суд на Бразил го забрани Х на Маск