Клучен Самит на Европскиот совет за решавање на бегалската криза

Од:

Шефовите на држави или влади на земјите-членки на Европската унија, попладнево и утре изутрина во Брисел ќе го одржат клучниот Самит на Европскиот совет на кој главна тема е бегалската криза и нејзиното решавање во Европа.

Како што јавува дописникот на МИА од Брисел, договорот што Европската унија го постигна пред десет дена на неформален Самит со Турција за проблемот со мигрантит е на маса, а истиот ја подвои ЕУ со оглед на тоа што речиси за сите од 28-те земји-членки на Унијата е проблематичен.

Во неговото писмо-покана до шефовите на државите или владите за овој Самит, претседателот на Евросоветот Доналд Туск ги потсетува дека на 7 март е добиен нов предлог од Турција за тоа како понатамошно да се зајакне соработката кој тогаш беше предоцна да биде прифатен, па се постигна преддоговор. Според Туск, целта е јасна, а тоа е да се постигне договор прифатлив за сите 28 земји-членки, како и од турските партнери на ЕУ.

– Апсолутен приоритет е да се осигура дека нашите одлуки ќе го почитуваат меѓународното право и законодавството на ЕУ. Ние, исто така, мора да најдеме начин да спречиме нови морско или копнени патишта за нередовно отворање на миграцијата од Турција во ЕУ. И ние треба да биде подготвени да и помогнеме на Грција со практичната имплементација на новиот механизам за враќање – порачува Туск.

Како што е познато, во преддоговорот меѓу ЕУ и турската држава од 7-ми овој месец се предвидува Брисел меѓу другото да и даде дополнителни три милијарди евра на турската држава до 2018 година, покрај оние три милијарди евра што ЕУ и ги вети во ноември минатата година. Исто така, Унијата ќе треба да обезбеди укинување на визите за турските државјани до крајот на јуни оваа година, а клучен е договорот дека за еден бегалец или мигрант што ќе биде вратен од Грција во Турција, еден Сириец да се пресели директно од Турција во некоја од земјите на Европската унија.

На визната либерализација и забрзаната евроинтеграција силно се противат Кипар и Франција, додека земјите од Вишеградската група (Словачка, Чешка, Полска и Унгарија), заедно со Бугарија и Австрија е противат на принципот на прераспределба на мигрантите во рамки на земјите-членки на Унијата.

Токму во овој дел, претседателот на Европскиот совет, Туск, во писмото-покана за денешнит Самит бара од лидерите на земјите-членки на ЕУ „да се забрза исплатата на почетните три милијарди евра за Сиријците што се под привремена заштита во Турција“, како и „да се разговара за начините за доброволно преселување“.

Всушност, се што вечерва лидерите на ЕУ ќе се договорат, утре во рамки на вториот дее од Самитот на ЕС ќе се потпише и утврди и со Турција, со оглед на тоа што шефовите на 28-те ЕУ-земји в петок ќе имаат работен појадок со турскиот премиер Ахмет Давутоглу.

А, на маса на Самитот е и балканската миграциска рута и заклучокот на нефомралнито Самит ЕУ-Турција пред десет дена дека „нерегуларниот проток на мигранти долж западно-балканската рута е завршен“. Во овој дел, Доналд Туск повикува на овој Самит „да се проанализира состојбата долж западно-балканската рута“ и останува отворена можноста за дефинитивно затворање на рутата каде главна земја на транзит е токму Република Македонија низ која за помалку од година ипол поминале речиси еден милион бегалци и мигранти.

– Нашите напори во овој дел се за масовно да се засили хуманитарна поддршка и тоа не само за Грција, најавува Туск.

Според очекувањата на ЕУ-лидерите, заклучоците и дејствијата по овој Самит во однос на решавањето на бегалската криза се очекува да донесат крај на овој проблем на „стариот континент“ и повторно ставање во целосна функција на Шенген-зоната, што според планот на Европската комисија треба да се случи до октомври оваа година.

Би можело да ве интересира

Русија: Евакуиравме над 30.000 луѓе од пограничните области со Украина

Месечната социјална помош на едно сириско семејство од 6.000 евра предизвикаа големи полемики во Австрија

Предраг Петровиќ

УНХЦР: 186.000 мигранти и бегалци пристигнаа во земјите од јужна Европа

Ердоган и Киличдароглу не сакаат Турција да е „магацин“ за сириските бегалци

Горан Наумовски

УНХЦР: Во 2022 година 100 милиони луѓе беа принудени да ги напуштат своите домови

Стотици сириски бегалци кои живееја во Либан се вратија во нивните домови

А1он