Тимерманс: На Турција не и нудиме „беплатно возење“

Од:

Потпретседателот на Европската комисија Франс Тимерманс тврди дека со договорот ЕУ-Турција за запирање на приливот мигранти во замена за отстапки кон Анкара, Брисел не и нуди на Турција „бесплатно возење“.

На прес конференција Тимерманс изјави дека Турција мора да примени мерки до крајот на април за да може од крајот на јуни Турците да патуваат во ЕУ без визи.

– Секако, не и нудиме на Турција бесплатно возење, изјави Тимерманс.

Тој додаде дека планираниот договор, со кој мигрантите кои ќе стигнат до Грција ќе бидат враќани во Турција, не значи кршење на меѓународното право. Тимерманс вели дека со договорот „не се врти грб на бегалците“ бидејќи за нив ќе биде овозможена адекватна меѓународна заштита, во ЕУ или во Турција.

– Бегалците ќе се враќаат само во согласност со меѓународните и европски правни рамки…Секој случај мора да се процени одделно во согласност со повелбата за основните права и европските директиви, истакна Тимерманс.

Според него, барателите на азил мора да имаат и целосна можност за поднесување жалба.

Би можело да ве интересира

ЕК: Растот на македонската економија годинава 2,0 отсто, наредната 3,1 отсто

Европската комисија објави нов план за зголемување на депортациите на илегални мигранти

Ана Ололовска

Јохансон: ЕК ќе предложи корупцијата да се перципира и казнува подеднакво во цела ЕУ

Ана Ололовска

Лајен предлага формирање на европско етичко тело

Ана Ололовска

Европската комисија претстави нови предлози за дополнителни санкции против Русија

Ана Ололовска

Фон дер Лајен рече дека загинале 100.000 украински војници, ЕК ја избриша изјавата

Ана Ололовска