Австрија и Германија не можат сами да ја решат бегалската криза, затоа што за неа е потребо заедничко европско решение, изјави денеска австриската министерка за внатрешни работи Јохана Микл-Лајтнер во обраќање пред Федералниот Парламент во Виена.
– Лани добивме над 89.000 барања за азил. Тоа е повеќе од сите останати земји членки на ЕУ заедно. Австрија ја оправда својата хуманитрана традиција. Заедно со Шведска и Германија, Австрија на свој грб презеде најголем дел од товарот, изјави Микл-Лајтнер, додавајќи дека колку за за споредба Словенија и Хрватска заедно лани примиле само 500 барања за азил.
Според неа, како што јави АПА, одделни земји члени на ЕУ биле принудени да преземат индивидуални мерки за спречување на бегалсиот прилив, со цел да поттикнат постигнување заедничко европско решение за кризата.