Стоилов: Нема да ја потцениме Висла

Од:

Македонскиот ракометен првак Вардар утревечер го очекува првиот дуел од осминафиналната пресметка во Лигата на шампионите со Висла Плоцк, а пивотот на „црвено-црните“ Стојанче Стоилов повикува на претпазливост и максимално залагање во текот на сите 60 минути.

– Се надевам дека ќе одиграме добро. Полјаците се незгоден противник и не смееме никако да ги потцениме. Минатата година имавме тежок натпревар таму, мислам дека се случи токму тоа, ги потценивме и тоа ни се удри од глава. Има квалитет кај нас, но имаме и некои проблеми со повредени играчи, се надевам дека тоа нема да влијае на резултатот, вели Стојанче Стоилов.

Вардарци на гостувањето во Полска одат во добра форма, по три победи и ремито со Веспрем, додека Висла го победи Кјелце во домашното првенство пред само два дена.

– Со Кјелце немаа некој резултатски притисок и можеби поради тоа победија. Кога мора да победите друг е притисокот, тогаш е многу потешко. Мислам дека оваа година Висла е малку подобра од лани, но ние сме попаметни и поискусни за една година и се надевам дека ја научивме лекцијата и дека ќе ги сфатиме максимално сериозно, истакна Стоилов.

Би можело да ве интересира

Романса на теренот: Босанска ракометарка запросена по натпреварот во Белгија

Предраг Петровиќ

Вардар прв финалист на Струшкиот ракометен турнир

Еурофарм Пелистер убедлив против домаќинот Струга на отворањето на Меѓународниот Струшки ракометен турнир

Норвешките ракометарки по трет пат станаа олимписки шампиони

РФМ: Благодарност до македонската ракометна јавност

Раководството на РФМ оствари средба со женската сениорска репрезентација

Предраг Петровиќ