Севернокорејскиот лидер Ким Џонг-Ун најави дека Пјонгјанг набрзо ќе изведе тестирање со нуклеарни боеви глави и „неколку видови“ балистички ракети, јави севернокорејката агенција КЦНА.
Пробите ќе бидат изведени за да се „зголемат нуклеарните напаѓачки способности“ на Северна Кореја, порача Ким Џонг-Ун, пренесуваат француските медиуми.
Севернокорејскиот лидер пред неколку дена нареди нови нуклеарни проби за тестирање мини нуклеарни боеви глави кои, како што тврди, ги развиле научниците од Северна Кореја.