Општина Центар ја заврши втората фаза од реконструкцијата на најстарата градинка во Скопје, „13 Ноември”.
Од стариот објект , кој не беше реновиран повеќе од 60 години, останаа само ѕидовите.
На површина од 880 м2, кои опфаќаат занимални, тријаж, санитарии и кујна, поставена е нова водоводна, електрична и топлотна инсталација, плочки и паркет.
Денеска, напиша градоначалникот Андреј Жерновски, уште 100 деца ќе влезат во својот нов свет во пастелни бои, нов мебел, чисти и светли простории, направени по сите еколошки стандарди.