Македонската акдемија на науките и уметностите во реално време, достапен во секој момент за јавноста, објави „бројчаник за јавниот долг“. Преку овој бројчаник може да се следи состојбата со јавниот долг, заголемувањето или намалувањето во секоја секунда.
Според последните податоци, јавниот долг изнесува 49,18 проценти од БДП. Секој граѓанин должи повеќе од 2000 евра а дневната камата за долгот изнесува над 380 илјади евра.
Бројчаник за дневно следење на јавниот долг веќе има во Хрватска, кој е достапен за јавноста. Бројките што ги објавува МАНУ се сублимат од информациите од Министерството за финансии и Светска банка.
За разлика од МАНУ, според ресорното министерство јавниот долг, на крајот од 2015 година изнесувал 46,5 отсто.