Речиси 2.400 години стара златна ризница е пронајдена во една тракиска гробница на северот во Бугарија, соопштија бугарските археолози.
Ова уникатно богатство е пронајдено кај селото Сештати, 400 километри североисточно од Софија.
Според шефот на археаолошката екипа Дајана Гергова, предметите поттекнуваат од крајот на четвртиот или почетокот на третиот век пред новата ера.
Меѓу нив има златен накит и додатоци за опрема за коњи, тијара со релјеф од лавови, како и четири нараквици и прстен.
Тракијците живееле во денешна Бугарија и делови на денешна Грција, Романија, Македонија и Турција, во периодот од 4000 година пред новата ера до седмиот век од новата ера, кога биле асимилирани од словенските племиња.