Борис Џонсон: Обама да не се меша во референдумот за ЕУ

Од:

Градоначалникот на Лондон, Борис Џонсон го предупреди американскиот претседател Барак Обама „да не се меша во референдумот“ во Велика Британија околу останувањето, или напуштањето на ЕУ.

Според Џонсон, тоа би пртставувало „срамотна хипокризија“ од земја која не дозволува никому од надвор да се меша во нејзнините внатрешни работи.

Предупредувањето на Џонсон доаѓа пред планираната европска турнеја на Обама, во која е вклучена и Велика Британија, што би било негова последна посета на Лондон како американки претседател.

Во својата редовна колумна во проториевскиот „Дејли Телеграф“ Џонсон му порачува на Обама да остане по страна во актуелната дебата за референдумот од 23 јуни, порачувајќи дека би било „погрешно“ ако претседателот на САД го искористи престојот во Лондон за да предупредува дека без ЕУ Велика Британија ќе го загуби своето влијание во меѓународната заедница.

Џонсон, кој до неодамна беше сојузник на премиерот Дејвид Камерон и сега важи за еден од главните претендент за негов наследник на лидерската функија во Конзервативната партија, се определи за напуштање на ЕУ, наспроти Камерон и службената позиција на Владата за останување во Унијата.

Ова е досега најострата реакција на еден конзервативен политичар против САД и позицијата на Вашингтон, од каде на неколкупати во изминатите дваесетина месеци беше порачано дека Велик Британија треба да остане дел од ЕУ.

Во интервју за Би-Би-Си емитувано минатата година, претседателот Обама порача дека Велика Британија „мора да остане дел од Унијата“ со цел, како што рече, да продолжи да има влијание на глобалната политичка сцена.

Во ова интервју Обама рече дека членството во ЕУ им дава на САД поголема доверба за силината на трансатланската поврзаност.

Даунинг стрит 10 одби денеска да го коментира пишувањето на Џонсон. Претставник на кабинетот на Камерон само објасни дека не сака да реагира на тврдењето (на Џонсон) дека британскиот премиер и Обама ќе зборуваат и за референдумското изјаснување во Британија.
Висок функционер на ториевците, меѓутоа, го обвини Џонсон дека лесно ги менува страните, откривајќи дека тој долго време бил за останувањето во ЕУ, а дека станал антиевропеец „во текот на еден викенд“.

Би можело да ве интересира

Борис Џонсон во своите мемоари тврди дека кралицата Елизабета имала рак на коските

Три жени ранети во престрелка во Англија

Англија ја совлада Ирска

Мал авион се урна во индустриска зона во Честерфилд

Моторна едрилица се урна на сред пат: Пилотот и патникот преживеаја

(ВИДЕО) Ескалира насилството во Британија: Ќе залажите за ова екстремно десничарко насилство