Сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози, а на повисоките места наместа со остатоци од кашест снег.
Патниот правец Кочани – Делчево кој беше затворен за сообраќај од превентивни причини, поради можна појава на свлечишта и одрони, повторно е отворен за сообраќај. И покрај отстранувањето на забраната се препорачува голема внимателност, информира Автомотосојузот на Македонија (АМСМ).
Се уште се активни забраните за движење на патот Битола-Ресен на 70+300 км, каде сообраќајот е во прекин во двата правца поради свлечиште, а како алтернатива е пренасочен преку градот Битола, како и општинскиот пат с. Долни Полог-с.Облешево пред Кочанска река, каде има прекин поради прекопан коловоз и е направен канал за одводнување на надојдена атмосферска вода од врнежи на дожд.
Eкипите на Ј.П. Македонија пат ги расчистија свлечиштата на патниот правец Кочани – Делчево. Поради врнежите од дожд и можноста од повторно активирање на свлечиштата од превентивни причини патниот правец Кочани-Делчево останува затворен за сообраќај. Сообраќајот е пренасочен преку Виница-Смојмирово-Делчево.
На патниот правец Крива Паланка – гр.премин Деве Баир кај село Узем поради одрон зафатена е една коловозна лента во должина од 15 – 20 метри. На самото место поставена е соодветна патна сигнализација. Екипите на ЈП Македонија пат работат на расчистување на коловозот и нормализирање на сообраќајот.
На патот Демир Капија – Удово 1,5 км после ресторанот „Белов” поради поголем камен на коловозот сообраќајот се одвива по една коловозна лента во должина од 2 – 5 метри.
На патниот правец Р1106 Марков Манастир – Брезница на километар после клучката за Марков Манастир, поради одрон сообраќајот се одвива по една коловозна лента во должина од 10-15 метри. На самото место поставена е соодветна сообраќајна сигнализација.Се препорачува внимателно управување со возилата и почитување на поставената патна сигнализација се до целосно расчистување на коловозот.
Според информација од ДЦС МВР од 10.03 од 12:20 часот на регионалниот пат Берово – Виница кај м.в. Обозна поради одрон на камења сообраќајот се одвива наизменично по една коловозна лента.
На патниот правец Удово – Валандово поради излевање на Калковска Река има вода на коловозот која не е голема и се препорачува внимателно управување со возилата, на патот Марвинци – Балинци – Брајковци под надвозникот кај клучка Марвинци поради излевање на каналите има вода на коловозот. Се препорачува користење на алтернативен патен правец Удово – Валандово – Гевгелија и обратно. На патниот правец Куманово-Крива Паланка кај месноста усек село Страцин има континуирано свлечиште од кал и земја кое зафаќа една лента од коловозот. Се препорачува внимателно возење, прилагодување на брзината и следење на поставената сигнализација
Сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози, а на повисоките места наместа со остатоци од кашест снег.
АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Посебно внимание е потребно на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Гостивар – крак Маврово – Стража, Демир Капија – Удово, Виница – Берово, Кочани-Делчево и Ресен – Буково каде е можна почеста појава на одрони.