Околу милион и четиристотини илјади лица учествуваа во демонстрациите во бразилскиот град Сао Паоло, со барање за оставка на левичарската претседателка Дилма Русеф, соопшти полицијата од Сао Паоло.
Протестите беа организирани вчера и во голем број други бразилски градови, во кои се вклучија вкупно околу три милиони луѓе, пренесува БТА.
Стотици илјади лица се собраа на протести против корупцијата на власта во Рио де Жанеиро.