Две лица загинаа, а 19 се повредени, во експлозија на резервоар со 15.000 литри ацетон во фармацевтската фабрика во Квебек, Канада, соопшти полицијата.
Експлозијата се случила во четвртокот попладне, во фабриката на компанијата Нептун технолоџис во Шербурк, 150 километри источно од Монтреал.
„Во урнатините пронајдовме тела на две лица“, изјавил портпаролот на локалната полиција, Рене Дибреј.
Вкупно 19 луѓе се хоспитализирани, едно лице е на интензивна нега, а четири на одделението за опекотини во болницата во Монтреал.
Причината за експлозијата сеуште не е позната.
Во минутите по експлозијата, локалните телевизии прикажале снимки со голем облак на црн чад над Шербрук. Сепак, локалните власти тврдат дека нема никаква опасност по населението и дека ветерот, отровните материи го оддувал кон ненаселените подрачја.
Голем број на пожарникари бил испратен да ги лади другите резервоари кои се полни со хемиски супстанци.