Австрискиот вицеканцелар Рајнхолд Митерленер изјави дека бегалците на грчко-македонската граница свесно седат во калта, за да извршат притисок за отворање на балканската рута, јави Танјуг.
Во изјавата за виенскиот дневен весник „ Кронен цајтунг“,тој кажа дека сликите, како што е фотографијата на бебиња во калта, свесно се политизираат.
-И во Грција на располагање има сооветно сместување, посебно за семејства и деца, но многу бегалци не ги прифаќаат за да извршат притисок со цел да им се отвори балканската рута, подвлече Митерленер.
Тој, исто така кажа дека сликите на бебиња во калта можат да се избегнат, на пример, преку нивно сместување во болница.
-На бебињата им посакувам добра иднина, се надевам во Европа, порача Митерленер.