Минимален пораз на македонските ракометарки во квалификациите за ЕП

Од:

Женската ракометна репрезентација на Македонија претрпе минимален пораз од Словенија во квалификациите за Европското првенство кое кон крајот на годинава ќе се одржи во Шведска.

Избраничките на селекторот Симе Симевски иако беа поразени од Словенија со 21:22, сепак на мечот кој се одигра синоќа во СРЦ „Кале“ во Скопје, за разлика од првиот во Марибор, покажаа дека оваа селекција има потенцијал.

Во текот на целиот меч тие беа рамноправен, а на моменти и подобар противник од Словенките, но немањето искуство на вакви натпревари си го стори своето, па можноста во последниот натпад да стигнат барем до израмнување беше пропуштена.

Во редовите на црвено-жолтите се истакна Матеја Серафимовска која имаше 11 успешни одбрани, додека најефикасна беше Симона Стојановска со 5 гола, еден повеќе од Сара Ристовска и Јована Саздовска. Кај Словенија најефикасна беше Тамара Мавсар со 7 гола.

Во вториот меч од квалификациската група 4, одигран во Бар, Црна Гора ја победи Хрвакста со 31-29.

Македонските ракометарки квалификацискиот циклус ќе го заокружат во јуни со дуелите против Црна Гора во Скопје на (2.јуни) и два-три дена подоцна на гости во Хрватска (4 или 5 јуни).

На првите две позиции на табелата со по 6 бодови се Црна Гора и Хрватска, додека Словенија сега има 4, а Македонија нема освоено бод.

Би можело да ве интересира

Македонските ракометарки во група со Шпанија, Литванија и Азербејџан во квалификациите за ЕП2024

Ана Ололовска

Шпанија, Германија, Данска и Бразил се пласираа во четвртфиналето на ракометното СП

Ана Ололовска

Минимален пораз за македонските ракометарки на гостувањето во Црна Гора

Ана Ололовска

Мојсовски: Со златните ракометарки, македонскиот ракомет има светла иднина

Ана Ололовска

Пинк ќе ја плати казната на норвешките ракометарки кои одбија да играат во бикини

Ана Ололовска

Македонските ракометарки го победија Косово, но не изборија полуфинале на ЕХФ турнирот во Скопје

Ана Ололовска