Пентагон смета дека војската на Северна Кореја оваа недела изгубила врска со една своја подморница.
како што пренесува Си-Ен-Ен, повикувајќи се на тројца функционери од Министерството за одбрана во Вашингтон кои побарале да останат неименувани, американската војска ја следела подморницата која се движела долж источниот брег на Корејскиот Полуостров.
Сателитите забележале дека во еден момент таа престанала да се движи и оти севернокорејската морнарица се обидува да ја пронајде.
Американците не се сигурни дали подморницата потонала, но сигурни се дека имала некако дефект.