„Дејли Мејл“: Ѓоковиќ во тајна врска со боливудска ѕвезда

Од:

Британскиот весник „Дејли Мејл“ покрена гласини дека најдобриот тенисер во светот Новак Ѓоковиќ е во тајна врска со боливудската ѕвезда Дипика Падуконе.

Новак во друштво со убавата Индијка е снимен во еден ноќен клуб во Лос Анџелес, што беше доволно британските таблоиди да заклучат дека станува збор за „љубовна афера“.

– Новак присуствуваше на мечот на ЛА Лејкерс против Орландо, а подоцна ја искористи можноста за забава, па останатиот дел од вечерта го мина во локалот „The Nice Guy“ и тоа во друштво со долгоногата бринета, пишува „Дејли Мејл“.

Но, српскиот весник „Курир“, тврди дека ваквите гласини се неточни, бидејќи „не станува збор за афера, туку за долгогодишно пријателство“.

Убавата Дипика наводно е долгогодишна добра пријателка со сопругата на Новак, Јелена, со која минатата година навиваше за Ѓоковиќ од трибините на Вимблдон.

Таа воедно е и голема вљубеничка во тенисот, па играла и егзибициски мечеви со Роже Федерер и Рафаел Надал, наведува „Курир“.

Атрактивната глумица во моментов престојува во Њујорк, каде го снима новиот филмот „xXx: The Return of Xander Cage“ заедно со Вин Дизел.

Ѓоковиќ е во брак со Јелена, со која го има 17-месечниот син Стефан. Тој секогаш истакнува дека неговоот семејство му е главна инспирација.

Би можело да ве интересира

Алкараз лесно го совлада Медведев

Предраг Петровиќ

Медведев откри кој е најдобриот тенисер на планетава

Предраг Петровиќ

Шпанскиот тенисер Алкараз за 57 минути се пласираше во четвртфиналето на турнирот во Пекинг

Алкараз: „Тоа ќе не убие“

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Ѓоковиќ го испеа познатиот хит и најави спектакл во Бугарија со Димитров

„Надал е подготвен да се пензионира“

Предраг Петровиќ