„Остави го телефонот додека разговарам со тебе“ – звучи како реченица која родителите им ја кажуваат на своите деца, но игледа дека е обратно.
Американски истражувачи испитале 249 семејства, во кои децата се на возраст меѓу десет и 17 години, со цел да октријат како технологијата влијае врз семејните односи. Децата исто така биле прашани кои правила би сакале нивните родители да ги почитуваат, а ова биле најчестите одговори.
Многу мајки и татковци поставуваат фотографии на нивните деца на Интернет? Е тоа децата навистина ги нервира! – Родителите не би требало да ги делата информациите и фотографиите на социјалните мрежи додека од децата не побараат дозвола за тоа, согласни биле испитаниците во одговорите.
Освен тоа, децата би сакале нивните родители да бидат повеќе присутни дома и да не ги користат технолошки направи, најчесто телефони, во текот на разговорот лице в лице.
Кај голем број деца беше изразен страв за безбедноста на родителите во текот на возење, па тие би сакале нивните мајки и татковци да не гледаат во мобилните телефони додека возат. Особено им смета што возрасните често користат мобилни телефони во текот на оброкот.
Децата се согласни во тоа дека родителите треба да постават одредени правила за да ги заштитат, но велат дека сепак треба да ги пуштат сами да донесуваат свои одлуки.
– Двојно повеќе деца отколку родители изразиле грижа поради тоа што членовите на семејството ги делат нивните фотографии на социјалните мрежи. Многу испитани деца велат дека заради тоа често се чувствуваат непријатно или фрустрирано, рече коавторката на студијата, Сарита Шонебек.