„Погубните и лицемерните политики на оваа влада го загрозија животниот стандарт на граѓаните на Република Македонија и допринесоа да станеме прва земја по мизерија во светот“, реагира ВМРО-народна за ребалансот на буџетот.
Со изгласувањето, парламентарното мнозинство уште еднаш ќе потврди дека е само еден обичен инструмент во рацете на владата што е апсурдно за парламентарната демократија, смета ВМРО-НП.
„ВМРО Народна партија со право заклучува дека на владеачкото мнозинство не му е важен развојот на државата и благосостојбата на граѓаните туку многу поважен им е нивниот рејтинг се со цел да продолжат да ги спроведуваат нивните погубни политики за државата. Власт која што се грижи повеќе за сопствениот рејтинг отколку за државните интереси заслужува и ќе добие еден огромен бран со што ќе замине во опозиција за да ја има можноста да одмори и да размисли за грешките што ги направила“, стои во соопштението на партијата.