Ракометарките на Хрватска ја совладаа Црна Гора

Од:

Женската ракометна репрезентација на Хрватска постигна важна победа во рамките на групата од квалификациите за Европското првенство во Шведска.

Хрватска синоќа пред своите навивачи во Сплит ја совладаа Црна Гора со 23:22. Најефикасна на дуелот беше ракометарката на ЖРК Вардар Андреа Пенезиќ со 11 голови. Двете репрезентации се борат за првото место во групата.

На вториот натпревар од групата Словенија убедливо ја совлада Македонија во Марибор со 35:17.

Двојки и резултати од 3.коло по групи:

Група 1: Романија – Норвешка 25:20, Литванија – Белорусија 21:29.

Табела: Романија 6 бодови, Норвешка 4, Белорусија 2, Литванија 0.

Група 2: Чешка – Србија 25:30, Италија – Укарина 19:37.

Табела: Србија 6, Чешка 4, Украина 2, Италија 0.

Група 3: Холандија – Шпанија 31:21, Бугарија – Австрија 20:33.

Табела: Холандија 6, Шпанија 4, Австрија 2, Бугарија 0.

Група 4: Словенија – Македонија 35:17 и Хрватска – Црна Гора 23:22.

Табела: Хрватска 6, Црна Гора 4, Словенија 2, Македонија 0.

Група 5: Полска – Унгарија 24:27, Финска – Словачка 15:29.

Табела: Унгарија 6, Полска 4, Словачка 2, Финска 0.

Група 6: Русија – Данска 31:27, Португалија – Турција 24:23.

Табела: Русија 6, Данска 4, Португалија 2, Турција 0.

Група 7: Германија – Франција 21:24, Швајцарија – Исланд 22:21.

Табела: Франција 6, Германија 4, Швајцарија 2, Исланд 0.

Натпреварите од 4. коло се играат во текот на викендот.

Би можело да ве интересира

Македонските ракометарки во група со Шпанија, Литванија и Азербејџан во квалификациите за ЕП2024

Ана Ололовска

Шпанија, Германија, Данска и Бразил се пласираа во четвртфиналето на ракометното СП

Ана Ололовска

Минимален пораз за македонските ракометарки на гостувањето во Црна Гора

Ана Ололовска

Мојсовски: Со златните ракометарки, македонскиот ракомет има светла иднина

Ана Ололовска

Пинк ќе ја плати казната на норвешките ракометарки кои одбија да играат во бикини

Ана Ололовска

Македонските ракометарки го победија Косово, но не изборија полуфинале на ЕХФ турнирот во Скопје

Ана Ололовска