Во Скопје вчера во 13 сообраќајки, повредени 6 лица

Од:

Во текот на вчерашниот ден на подрачјето на град Скопје се случиле вкупно 13 сообраќајни незгоди, од кои осум се со последица материјална штета, четири се со последица телесни повреди, во кои со полесни повреди се здобиле пет лица.

Се случила и една незгода со последица тешка телесна повреда во која со тешки телесни повреди се здобил еден велосипедист.

Како што информира за МИА самостојниот инспектор Драган Вељаноски од СВР – Скопје, во текот на изминатиот ден по спроведените контроли над учесниците во сообраќајот од страна на сообраќајната полиција, откриени и санкционирани се поголем број на прекршоци.

Осумнаесет возачи го управувале возилото по истекот на важноста на сообраќајната дозвола или без возачка дозвола, девет возачи не ги почитувале ограничувањата на брзината на движење, пет возачи поминале на црвено светло на семафорот и тројца возачи кои го управувале возилото под дејство на алкохол.

Санкционирани се и 12 пешаци кои поминале вон обележан пешачки премин или, пак, поминале на црвено светло на семафор за пешаци.

Со помош на специјалното возило во текот на изминатиот ден отстранети се 70 возила.

Во делот на превентивните активности денеска ќе се одржат едукативни работилници со учениците од четврто одделение во ОУ „Панајот Гиновски“, општина Бутел.

Би можело да ве интересира

Нормализиран сообраќајот на патот Бошков мост – Дебар

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози

Промени во Законот за безбедност на сообраќајот: Реакции и вело-пријателски предлози

Сообраќајот се одвива по наместа влажни коловози

СДСМ: Колапс на сообраќајот во Маврово и заглавени граѓани поради неспособноста на ВМРО-ДПМНЕ

По еден ден прекин, попаднево повторно воспоставен железничкиот сообраќај во земјава