Ракометарките на Романија го совлада светскиот првак Норвешка

Од:

Женската ракометна репрезентација на Романија успеа синоќа да го совлада светски првак Норвешка со 25:20.

Со триумфот Романките се реваншираа за поразот во полуфиналето на Светското првенство.

Покрај овој, вчера се одиграа уште осум натпревари од групите од квалификациите за Европското првенство, што оваа година ќе се одржи во Шведска. Другите дуели од оваа рунда се играат денеска меѓу кои и натпреварот Словенија – Македонија.

Двојки и резултати по групи:

Група 1: Романија – Норвешка 25:20, Литванија – Белорусија 21:29.

Табела: Романија 6 бодови, Норвешка 4, Белорусија 2, Литванија 0.

Група 2: Чешка – Србија 25:30, Италија – Укарина играат денеска.

Табела: Србија 6, Чешка 4, Украина 0, Италија 0.

Група 3: Холандија – Шпанија 31:21, Бугарија – Австрија 20:33.

Табела: Холандија 6, Шпанија 4, Австрија 2, Бугарија 0.

Група 4: Словенија – Македонија и Хрватска – Црна Гора играат денеска.

Табела: Црна Гора 4, Хрватска 4, Словенија 0, Македонија 0.

Група 5: Полска – Унгарија 24:27, Финска – Словачка 15:29.

Табела: Унгарија 6, Полска 4, Словачка 2, Финска 0.

Група 6: Русија – Данска 31:27, Португалија – Турција играат денеска.

Табела: Русија 6, Данска 4, Португалија 0, Турција 0.

Група 7: Германија – Франција 21:24, Швајцарија – Исланд играат денеска.

Табела: Франција 6, Германија 4, Исланд 0, Швајцарија 0.

Би можело да ве интересира

Македонските ракометарки во група со Шпанија, Литванија и Азербејџан во квалификациите за ЕП2024

Ана Ололовска

Шпанија, Германија, Данска и Бразил се пласираа во четвртфиналето на ракометното СП

Ана Ололовска

Минимален пораз за македонските ракометарки на гостувањето во Црна Гора

Ана Ололовска

Мојсовски: Со златните ракометарки, македонскиот ракомет има светла иднина

Ана Ололовска

Пинк ќе ја плати казната на норвешките ракометарки кои одбија да играат во бикини

Ана Ололовска

Македонските ракометарки го победија Косово, но не изборија полуфинале на ЕХФ турнирот во Скопје

Ана Ололовска