ЕУ нема да прави исклучоци за Турција во процесот за визна либерализација

Од:

Европската унија нема да прави никакви исклучоци за Турција во постапката за визна либерализација со оваа земја, изјави денеска портпаролката на Европската комисија Наташа Берто на прес-конференцијата во Брисел, пренесува ТАСС. 

 – Нема да има никакви измени, сите појдовни точки остануваат исти, рече таа, одговарајќи на прашања на новинарите за тоа дали ќе биде поедноставена постапката за Турција во врска со намерата на ЕУ да го заврши процесот на визна либерализација со оваа земја до крајот на јуни.

По средбата ЕУ – Турција на 7 март турскиот премиер Ахмет Давутоглу изјави дека укинувањето на визите со ЕУ ќе се случи до крајот на јуни.

Претседателот на Европската комисија Жан Клод Јункер потврди дека Брисел и Анкара се договориле за тоа, но истакна дека условите треба да бидат исполнети.

– Ние се согласивме да го забрзаме процесот на визна либерализација, но во никој случај не на штета на основните принципи на Европската унија, рече тој.

Францускиот претседател Франсоа Оланд изјави дека за укинувањето на визите меѓу Турција и ЕУ, Анкара треба да исполни 72 барања.

– Повлекувањето на визите меѓу ЕУ и Турција може да се случи, но за тоа треба да бидат исполнети сите критериуми, односно вкупно треба да бидат исполнети 72 услови, рече Оланд.
Портпаролот на германската Влада изјави денеска на редовната владина конференција дека ЕУ нема да направи исклучок од правилата за Турција да ги добие правата на визна либерализација во Европа, пренесува БТА. 

– Ние сега ќе ја забрзаме проверката дали потребните барања и критериуми кои Турција мора да ги исполни, се исполнети, изјави германскиот владин портпарол.

Во декември минатата година ЕУ и Турција се согласија да го завршат процесот на визна либерализација до есен.

Анкара, сепак испрати нова барање кон Брисел за прекин на миграциските текови во Европа.

Станува збор за удвојување на финансиската помош за имигрантите во Турција до шест милијарди евра, забрзување на процесот на визна либерализација и преговорите за пристапување на Турција во ЕУ, потсетува ТАСС.

Би можело да ве интересира

Акцијата „Моби Дик“ една од најголемите во ЕУ – даночно затајување од 520 милиони евра

А1он

Глобална трговска војна, Британија избира помеѓу САД или ЕУ

Косачов: Европската Унија нема да опстане без Русија и БРИКС

ВИДЕО: Брод удри во гребен кај хрватски остров, мештаните ги спасуваа патниците

Предраг Петровиќ

Блумберг: Лидерите на ЕУ го повикаа Бајден да ја зголеми помошта за Украина пред доаѓањето на Трамп

Додик: Бараме начин момчињата од Српска да служат војска во Србија, би им дале привилегии