Британскиот престолонаследник принцот Чарлс следната недела ќе престојува во Косово, во рамките на неговата мини балканска турнеја.
– Сите ја очекуваат посетата на Принцот од Велс и неговата сопруга Камила следната недела – напиша на „Твитер“ британскиот амбасадор во Косово, Рори О`Конел.
Ова е прва посета на принцот Чарс на Косово, по прогласувањето на независноста и втора негова посета, по онаа во 1999 година.
Инаку, во рамките на балканката турнеја, која ќе трае десетина дена Чарлс и Камила ќе ги посетат и Хрватска, Србија и Црна Гора.
Принцот Чарлс последен пат во регионов престојуваше во 2007 година, кога со Камила беа во посета на Босна и Херцеговина.