Докторите во Велика Британија започнаа 48-часовен штрајк

Од:

Илјадници британски доктори стапија денеска во 48-часовен штрајк поради спорот меѓу Владата и синдикатот за платите и условите за работа. 

Практикантите ќе бидат единствени кои ќе работат за време на штрајкот. Ова е трет штрајк оваа година.

Главните барања се поврзани со исплатата на прекувремената работа за време на викендите, и дали сабота би требало да се смета за нормален работен ден. 

Владата соопшти дека ќе наметне извршување на договорот кога преговорите ќе пропаднат, пренесува Танјуг.

Здравственото здружение на Велика Британија е подготвено за оваа тема да се расправа на суд.

Под практиканти се подразбираат доктори кои имаат до 10 години работно искуство.

Би можело да ве интересира

Борис Џонсон во своите мемоари тврди дека кралицата Елизабета имала рак на коските

Три жени ранети во престрелка во Англија

Англија ја совлада Ирска

Мал авион се урна во индустриска зона во Честерфилд

Моторна едрилица се урна на сред пат: Пилотот и патникот преживеаја

(ВИДЕО) Ескалира насилството во Британија: Ќе залажите за ова екстремно десничарко насилство