Натпреварот меѓу Мешков Брест и Вардар, кој требаше да се одигра в сабота во 18 часот ќе добие нов термин. Двете екипи ќе се сретнат на 29 март, исто така во 18 часот, во Брест.
И Вардар и Мешков Брест идната недела имаат настапи во осминафиналето од Лигата на шампионите, па во заемна корист е екипите целосно да се фокусираат на тие натпревари и да се подготвуваат само за нив.
Резултатот од овој натпревар нема да промени ништо на табелата во СЕХА Газпром лигата, затоа што веќе се познати двојките за Ф4 турнирот во Вараждин (1-3 април).
Во елитното натпреварување Вардар ѝ гостува на Висла на 16 март, а реваншот е на 26 март. Мешков Брест, пак, прво го пречекува Кјелце, на 19 март, а потоа ќе патува во Полска.