Доколку сакате да го воспитате вашето дете како целосно функционална личност кога ќе порасне потребно е навистина да се потрудите околу тоа.
Секако дека ги сакате своите деца, но понекогаш морате да ги пуштите да се повредат, да ги почуствуваат последиците од своите постапки и да го искусат неуспехот.
Како родител на крајот секогаш ќе бидете тука да им помогнете кога тоа навистина ќе им биде потребно.
Доколку сакате вашите деца да бидат подготвени за вистинскиот свет и кога ќе дојде времето да го напуштат гнездото применете ги следниве начела:
1. Ограничете го уживањето
Да, детството е најбезгрижниот период во животот на една личост, но тоа не значи дека се мора да биде забава и игра. Ограничете го времето кое детето го поминува на компјутер, телефон или видео игри. Секако тоа не значи дека децата треба да извршуваат некои претешки работи, но секако треба да имаат обврски, кои треба да ги завршат пред да се впуштат во нивните омилени активности. Дадете им задача во согласност со годините и погрижете се да ја завршат домашната пред да им дозволите да се забавуваат.
2. Не ги размазувајте и не ги правете работите наместо нив
Голем број родители се жалат на наставниците, откако детето ќе дојде дома со негативна оценка. Ударна вест: Не е виновен наставникот! Наместо да бидете на страната на детето кога станува збор за нивната одговорност, обидете се да дознаете што тоа може да направи подобро. Никој не е совршен и тоа е во ред. Но ако се однесувате како вашето дете да е Божји дар на светот всушност го подготвувате за вистински неуспех подоцна во животот.
3. Натерајте ги да бидат искрени во врска со своите недостатоци
Родителите треба да ги научат своите деца да ги преземаат одговорностите кога се несигурни, но тоа не знчаи дека треба само да го прифатат неуспехот. Премногу деца мислат: „Јас не сум личност за математика“ и потоа не прават ништо за да ги подобрат своите математички способности. Не дозволувајте тоа да им се случи и на вашие деца. Научете ги дека е важно да се трудат и да работат за да можат да ги надминат слабостите. Едно е кога правите нешто во што сте добри, но многу поголем успех е кога ќе успеете во нешто, што претходно не ви одело од рака. Научете ги вашите деца дека тешката работа секогаш се исплати на овој или оној начин.
4. Ограничете им го џепарлакот
Кога бев дете, мојата мајка имаше систем со кој беше одредена количина на џепарлак кој ќе оди за краткорочно штедење (за играчки и игри), долгорочно штедење (за нови видео игри) и за сериозно штедење (пари ќе се ставаат на вистинска штедна книшка). Тој систем функционираше, а детето кога ќе порасне ќе стане свесно за вредноста на парите. Научете ги своите деца да ги ценат парите од мали нозе, тоа е многу важно. Не отстапувајте од каков било систем, кој го практикувате, со цел вашите деца да не мислат дека парите сами паѓаат од банкомат, кога тоа е потребно.
5. Научете ги на вредностите на напорна работа
До џепарлак не смеат да дојдат лесно. Погрижете се да знаат дека парите се заработени. Можат да ја косат тревата или со лопата да го чистат снегот, а целта е да разберат дека мораат да работат за да заработат пари. Тие исто така ќе уживаат во своите игри и играчки многу повеќе кога ќе ги заработат.
6. Бидете доследни со правилата
На родителите понекогаш дефинитивно им е полесно да отстапат од правилата „само сега“, особено кога имаат работа и други обврски. Но сетоа тоа придонесува децата секогаш да бараат начини за да ги заобиколат правилата. Погрижете се да знаат дека правилата се правила. И погрижете се и вашиот сопруг/сопруга да се однесува во согласност со нив.
7. Научете ги да бидат благодарни
Децата можат да бидат дарежливи и гостопримливи личности уште од многу млада возраст. Многу деца кои ги сметаме за мудри за своите години едноставно имаат родители кои ги воспитале на начин да се грижат за луѓето. Градете ја учтивоста кај децата, научете ги да речат молам и благодарам, да ја придржат врата или да им помогнат во домашната работа на другарчињата. Нека изберат играчки кои повеќе не ги користат и нека ги поклонат на деца во домовите.
8. Немојте секогаш да бидете нивни најдобар пријател
Сакајте ги своите деца безусловно, но вие сте возрасна личност која им посакува се најдобро на своите деца. Обидувајќи се да бидат нивен пријател, отварате конзерва со црви, која не е зможно да ја затворите.
Секако треба да им дозволите на вашите деца да го извлечат детето од вас, но немојте да бидете од оние родители, кои на пример му дозволуваат на своето дете да гледа хорор филмови или да игра „Call of Duty“ до полноќ, ако наутро мора да оди во училиште. Бидете тука за нив во секој момент, но немојте да им бидете помошник, затоа што сакате да биде „кул“.