Индонезија ќе го промовира својот туризам во Индија

Од:

Индонезија годинава ќе направи спектакуларна кампања за да привлече поголем број туристи од Индија, од каде во последниве две години дошле над половина милион туристи.

На Индискиот Потконтинент, чија средна класа е се побројна, Индонезија ќе организира поголем број кампањи. Се очекува бројката на посетители од Индија да расте со стапка од над 15 посто годишно.

Туристичката промоција Индонезија ќе ја започне со атрактивни фолклорни настапи на 13 и 14 март во Њу Делхи.

Индија е меѓу 90 држави со кои Индонезија има безвизен режим.

Најголем број Индуси живеат и работат на Бали, каде што се доминантно населемие, а во другите подрачја има околу три милиони жители што потекнуваат од Индија. Заедницата на Индусите низ целата 256-милонска индонезија контролира над 80 отсто од производството и продажбата на текстил во Индонезија.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) „Пекол“ на денот на изборите во Индија: Луѓе умираат

Соборен рекорд: Измерени 52 степени

(ВИДЕО) Најмалку деветмина загинати, а 64 се тешко повредени во експлозија во хемиска фабрика во Индија

Индија: Најмалку девет лица починаа од топлотен удар

Пијан малолетник во Индија со „порше“ усмрти две лица, за казна мора да напише есеј

Лава и поплави ја погодија Индонезија, најмалку 37 загинати

Горан Наумовски