Вардар и Веспрем повторно одиграа нерешено

Од:

Македонскиот ракометен шампион Вардар одигра уште еден дуел со унгарски Веспрем во кој немаше победник во рамките од регионалната СЕХА лига.

На средбата одиграна попладево во СРЦ „Јане Сандански“ во Скопје, Вардар и Веспрем одиграа нерешено 30:30, полувреме 13:12.

Во текот на целиот меч ниту една од екипите не успеа да оставри позначаjна резултатска предност, а во завршните 30 секунди Веспрем со голот на Илиќ дојде до гол предност. Сепак Матијаж Брумен со својот единствен гол на средбата го израми резултатот и ги постави конечните 30:30.

Во редовите на Вардар со по 5 постигнати голови најефикасни беа Тимур Дибиров и Алекс Душебаев, додека Даниeл Шишкарев постигна 6. Кај унгарската екипа, воедно и на натпреварот, најефикасен беше Момир Илиќ со 10 гола.

Со по еден освоен бод, нема промени на табелата па, Веспрем останува лидер со 44, а Вардар второ пласиран со 41 бод.

Унгарската екипа е апсолутен фаворит во утрешниот натпревар против вториот македонски претставник во СЕХА лигата Макс Струмица, додека Вардар гостува во Брес кај составот на Мешков, кој во овие моменти го игра дуелот против ППД Загреб на гостински терен.

Табела: Веспрем 44 (16 одиграни натпревари), Вардар 41 бодови (17), ППД Загреб 36 (16), Мешков Брест 36 (16), Татран Прешов 28 (17), Нексе 22 (17), Војводина 25 (17), Борац 11 (18), Спартак 10 (18), Макс Струмица 2 (16).

Би можело да ве интересира

Романса на теренот: Босанска ракометарка запросена по натпреварот во Белгија

Предраг Петровиќ

Вардар прв финалист на Струшкиот ракометен турнир

Еурофарм Пелистер убедлив против домаќинот Струга на отворањето на Меѓународниот Струшки ракометен турнир

Норвешките ракометарки по трет пат станаа олимписки шампиони

РФМ: Благодарност до македонската ракометна јавност

Раководството на РФМ оствари средба со женската сениорска репрезентација

Предраг Петровиќ