Се проширува истрагата за скандалот со возилата на Фолксваген

Од:

Германското обвинителство води истрага против 17 луѓе поврзани со лажирање на штетни гасови во возилата на Фолксваген.

Портпаролот на јавниот обвинител во Брауншвајг Клаус Цихе ги потврди медиумските извештаи за зголемување на бројот на осомничени за скандалот со возилата на Фолксваген. Истрагата е проширена од шест на 17 лица меѓу кои нема членови на актуелниот или поранешниот извршен борд на директори, јави дописникот на МИА од Берлин.

Истрагата започна во септември веднаш по откривање на скандалот кога Американската агенција за заштита на животната околина објави дека на стотици илјади возила компанијата инсталирала софтвер кој што прикажувал лажни податоци за нивото на загадување за време на тест возењата.

Би можело да ве интересира

Летечки автомобил би можел да се најде на пазарот до 2020 година

Емир Латифовиќ

„Голф“ најпродавана марка во Шведска, „Волво“ падна на второ место

Емир Латифовиќ

Моделот „Сузуки Свифт“ за 2017 година ќе има пет врати

Емир Латифовиќ

Ford се откажа од фабриката во Мексико во вредност од 1,6 млрд долари

Емир Латифовиќ

Големите и скапи СУВ модели се побарани во 2016.

Емир Латифовиќ

„Ауди“ во Унгарија произведе милион возила и 30 милиони мотори

Емир Латифовиќ