Мисовски: Во Ресен ВМРО-ДПМНЕ се фатени со спуштени пантолони

Од:

Кавги и високи тонови, навреди , кој крадел гласови, кој ќе победи на изборите, власта и опозицијата се поделија за новите изборни правила.

Опозицијата и укажа за операцијата „Ресен“ со која вештачки се впишуваат со помош на нотари и МВР нови гласачи за да може кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ да победи.

„Ве фатија со спуштени пантолони, дека во Ресен ,организирате изборен фалсификат“, вака  Горан Мисовски му контрираше на Влатко Ѓорчев.

Машки ќе беше, му порача, доколку по операцијата „Детонатор“, која се случуваше во третата изборна единица, каде Ѓорчев беше носител на листа,

„Вака избори не се добиваат, на такви како тебе, и на цело ВМРО-ДПМНЕ, нема да ви дозволиме со уцени и закани да ги добиете изборите, и ние ќе ве победиме“, рече Мисовски.

„Не знаете каде сега ќе ве шутнат и затоа вака дискутирате. Владата на ВМРО-ДПМНЕ имаше доблест и кривични пријави да поднесе за свои членови. Кога СДСМ тоа го направило“, праша Ѓорчев.

Ѓорчев на Зеќири од партијата на Руфи Османи  му порача дека нема ниту еден пратеник да добијат на изборите, а Беким Фазлиу му препорача да внимава што говори и прави, бидејчи рече, се си има граници и не знае како ќе заврши.

 

 

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Мицкоски: На следните избори „мекотелните политичари“ ќе заминат во историјата

Вучиќ ги соопшти резултатите од локалните избори: Тоа е тоа 10:0

Горан Наумовски

Социјалистот Емануел Грегоар е новиот градоначалник на Париз

Јанша не е среќен по поразот на словенечките избори

Горан Наумовски

Исаку и Османи предложени за членови на Судскиот совет од страна на Собранието

Шабани e нов заменик-министер за одбрана, а Сулејмани во образование одлучи Собранието