Осминафиналните натпревари од ракометната Лига на шампиони ќе бидат „отворени“ со дуелот меѓу Висла и Вардар. Домаќинот на овој натпревар полскиот клуб се реши да игра на 16 март (среда) со почеток во 18 часот и 30 минути.
Реванш дуелот е закажан десет дена подоцна во Скопје на 26 март со почеток во 18 часот.
Четири први натпревари од осмина финалето ќе се играат на 19 март, а двојките се:
Мотор – Веспрем,
Мешков Брест – Киелце,
Монпеље – Флензбург и
ППД Загреб – Рајн Некар Ловен.
На 20 март ќе се игра натпреварот ПИК Сегед – Кил.