ДОМ им го честита 8-ми Март на сите жени во Македонија

Од:

Форумот на жени на ДОМ по повод 8-ми Март поведува кампања за економско јакнење на жените, зошто, како што сметаат од партијата, економската независност е предуслов жените да бидат вистински слободни и реализирани личности.

Како што соопшти денеска на прес-конференција претседателката на Форумот на жени на ДОМ Маја Морачанин обезбедени се субвенции за жени претприемачки во висина од 70 проценти од претходно вложени средства во бизнисот, но не повеќе од 2.000 евра.

-Жените треба прво самите да вложат три до четири илјади евра, па да конкурираат за дополнителни средства, поднесувајќи голем број документи. Притоа, субвенции се даваат исклучиво за производство, а се исклучуваат други дејности како: трговија, образование, здравство, адвокатура, нотаријат, туризам, земјоделие и рибарство. Државните институции се оглушуваат на укажувањата на заинтересираните страни и граѓанскиот сектор, па сметаме дека е неопходна континуирана кампања, се до промена на состојбите, истакна Морачанин.

Форумот на жени на ДОМ предлага повеќе решенија меѓу кои и менување на концептот на програмата за женско претприемништво, со што ќе стане отворена и инклузивна за секакви дејности со кои жените претприемачки би се бавеле, проширување на опфатот на бизниси според обемот, што значи да има неколку градации на бизниси (микро, мали и средни), за да се излезе во пресрет на поголем број жени…

Би можело да ве интересира

ДОМ: Ни претстои сериозна борба против корупцијата пред сите млади да си заминат!

ДОМ: Револт и неверување – пратениците покажаа отсуство на хуманост и емпатија за цивилите во Газа!

А1он

ДОМ за нападот врз Арсовска: Насилството и дивоградбите не смеат да ја урнат демократијата

ДОМ: Градоначалникот на Крива Паланка да поднесе кривична пријава до обвинителство за кривично дело екоцид

ДОМ: Се противиме на промени во урбанистичкото планирање на брза рака

ДОМ: Интеграција наместо сегрегација