Селекторот на македонската ракометна репрезентација, Ивица Обрван, го објави поширокиот список од 28 ракометари на кои ќе смета за Квалификациите за ЛОИ што ќе се играат во Гдањск, Полска во периодот од 8 до 10 април 2016.
На списокот на Обрван се наоѓаат: Борко Ристовски, Даниел Дупјачанец, Никола Митревски, Златко Даскаловски, Дејан Манасков, Гоце Ојлески, Гоце Георгиевски, Бојан Маџовски, Мартин Велковски, Никола Костески, Стојанче Стоилов, Жарко Пешевски, Никола Маркоски, Филип Лазаров, Аце Јоновски, Филип Миркуловски, Наумче Мојсовски, Горан Кузмановски, Немања Прибак, Кирил Лазаров, Влатко Митков, Филип Талески, Филип Кузмановски, Дејан Пецаковски, Велко Марковски, Дарко Димитриевски и Милорад Кукоски.
Македонија се наоѓа во група со Тунис, Чиле и домаќинот Полска, а двете најдобропласирани репрезентации во групата ќе обезбедат учество на Олимписките игри во Рио.
Точниот термин за почеток на подготовките за турнирот во Гдањск дополнително ќе биде објавен.