Вардар домаќин на Веспрем во СЕХА лигата

Од:

Ракометарите на Вардар и на Веспрем попладнево во Скопје ќе одиграат натпревар од регионалната СЕХА лига.

Двата тима ќе играат без притисок особено што на неколку натпревари пред крајот на лигата екипите ги знаат потенцијалните ривали за „фајнл фор“ турнирот.

Почетокот на дуелот е во 17 часот и 45 минути.

Покрај овој натпревар попладнево играат и другите два тима учесници на „фајнл фор“ Загреб е домаќин на Мешков Брест.

Вардар најверојатно во полуфиналето во Вараждин (домаќин на фајнл фор) ќе игра со ППД Загреб, додека противник на Веспрем ќе биде Мешков Брест.

Сите четири екипи натпреварите што ќе ги одиграат до крајот на лигата ќе ги искористат како подготовка за осминафиналните дуели од Лигата на шампионите.

Табела: Веспрем 43 бодови, Вардар 40, ППД Загреб 36, Мешков Брест 36, Татран Прешов 28, Нексе 22, Војводина 15, Борац 11, Спартак 10, Макс Струмица 2.

Би можело да ве интересира

Романса на теренот: Босанска ракометарка запросена по натпреварот во Белгија

Предраг Петровиќ

Вардар прв финалист на Струшкиот ракометен турнир

Еурофарм Пелистер убедлив против домаќинот Струга на отворањето на Меѓународниот Струшки ракометен турнир

Норвешките ракометарки по трет пат станаа олимписки шампиони

РФМ: Благодарност до македонската ракометна јавност

Раководството на РФМ оствари средба со женската сениорска репрезентација

Предраг Петровиќ