ЛДП: Продолжува дивеењето со прекумерна градба во општина Аеродром

Од:

„На последната седница на Советот на општина Аеродром, пред самиот почеток на седницата, е поделен материјал на советниците во кој се содржани нацрт одлуки на нови измени на деталните урбанистички планови во општината, на предлог на градоначалникот Ивица Коневски. Овие точки беа вметнати во дневниот ред без комисиска расправа и изгласани од  владеачкото мнозинство на ВМРО ДПМЕНЕ и коалицијата.

Советникот на Либерално демократската партија, Марјан Здравкоски регираше дека со овие измени се предвидува натамошна безмилосна недоржива градба на висококатници од девет ката и натамошно уништување на зеленило, како и на секоја педа на слободно парче на земја. Коневски и неговата партија продолжуваат со “исцртување“ на објекти за градба на висококатници и покрај тоа што општината се соочува со сообраќаен хаос и недостаток на пракинг простор и со енормното загадување на воздухот.

Така, на потегот од нова железничка станица и од зградата на “Неоком“, па се’ до објектот Тинекс, се предвидува според нацрт деталните планови изградба на нови 11 висококатници од 9 ката. Исто така, според втората нацрт одлука се предвидува изградба на триесетина високатници од 8 – 9 ката, покрај реката Вардар, на потегот од Ново Лисиче до Долно Лисиче.

Со изградбата на овие нови објекти се уништуваат и минималните предуслови за хумано живеење. Ваквото постапување на Коневски и ДПМНЕ во последните години ја претворија општината во место за целосно нехумано живењење, во која  зелените површини постојано се уништуваат, каде постои енормно загдување на воздухот и редовно се создава сообраќаен хаос. Коневски и ВМРО ДПМНЕ воопшто не ги инфромираат граѓаните за намерите за измените на деталните планови.

Наскоро се очекува повторно по итна постапка да се донесе и одлука за конечно прифаќање на овие нехумани планови.

Општинската организација на Либерално демокртаската партија од Аеродром ги повикува граѓаните да ги дадат своите забелешки за овие измени пред нивното конечно усвојување и ја повикува ВМРО ДПМНЕ да престане со нехумана градба, како и предлага воведување мораториум на изградба на висококатници во општината за период од минимум две години“, се вели во соопштението на ЛДП.

Би можело да ве интересира

Мајка во МВР пријавила насилство, децата и биле истепани од таткото, дедото и бабата

(ВИДЕО) Аврамовски: ЛДП утре во Собранието повторно ќе го поднесе предлог законот за отворени листи и една изборна единица

Горан Наумовски

ЛДП бара една изборна единица и отворени листи

Горан Наумовски

ЛДП со поддршка за измените на Изборниот законик и заштита на правото на кандидирање на независни листи

ЛДП ќе бара итна средба со премиерот за јасна стратегија и поддршка во евроинтеграциите

А1он

ЛиДеМ: Една генерација зборува, друга страда – ќе слушнеме ли конечно?

Предраг Петровиќ